Српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економската криза околу воениот конфликт во Ураина, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.
„Тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Северна Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ, изјави Вучиќ.
Бектеши: Нема место за паника, нема да има ценовни шокови, имаме доволно резерви
Тој кажа дека Украина и Русија се вкупни извозници на пченка од 29 отсто на светската производство, за што има големи нарушувања поради воениот конфликт.
Вучиќ изјави дека Србија има доволно количини на пченка, за брашно тип 500, за леб и за сè друго и нема да го ограничи извозот. Тој додаде дека Србија ја следи состојбата и подготвила мерки за да го ограничи извозот на пчеката и пченицата на 20 отсто, доколку за тоа има потреба во иднина.
По оваа изјава со реакција излезе македонската опозициска ВМРО-ДПМНЕ која тврди дека македонското ниво на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум.
„Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО ДПМНЕ беа исправни, но владата наместо работа одбра лага. Односот на власта е крајно неодговорен. Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица? Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата? Недостатокот на стокови резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот?“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.