Итната седница на Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина.
За резолуцијата гласаа 141 член од вкупно 193 и се бара Русија веднаш да ја прекине војната во Украина и да ги повлече сите свои војници од украинска територија.
Резолуцијата беше усвоена на крајот на вонредната седница на Генералното собрание свикана од Советот за безбедност, која започна во понеделникот.
Врз основа на процедурата востановена во 1950 година, наречена „Обединување за одржување на мирот“, усвоената резолуција не може да биде предмет на вето од постојаните членки на Советот за Безбедност.
Русија на 24 февруари ја нападна Украина што предизвика остри осуди во целиот западен свет.