Во последните 24 часа регистрирани се 457 нови случаи на ковид-19 од направени 2.730 тестови, покажуваат податоците од Инситутот за јавно здравје. Од вкупниот број на позитивни, 74 се реинфекции.
Регистрирани се шест починати лица: двајца од починатите се од Скопје (76г и 80г) и по едно починато лице од Крива Паланка (64г), Радовиш (82г), Прилеп (75г), и Тетово (68г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица во период од 22.02. до 25.02.2022.
Регистрирани сe 447 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.195, бројот на оздравени пациенти е 285.907, на починати е 9.036 а бројот на активни случаи изнесува 3.252.