Шпанија праќа воена опрема во Украина

Украина, вооружен војник стои покрај уништено руско воено возило во Буча, град во близина на Киев, 01 март 2022

Шпанија одлучи на Украина да ѝ испрати „офанзивна воена опрема“, изјави денеска премиерот на Шпанија, Педро Санчез, во обраќање пред Парламентот.

„Затоа што гледам дека постојат (политички) групи кои ја доведуваат во прашање посветеноста на владата за учество во воена помош на Украина, сакам да најавам дека Шпанија ќе испорача офанзивна воена опрема за украинскиот отпор“, рече Санчез.

Европската унија, САД и неколку европски земји, како што се Германија и Франција, одлучија да ѝ пружат воена помош на Украина. Руските сили на 24 февруари започнаа офанзива врз Украина.