Осумстотини триесет и шест илјади луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија, која почна на 24-ти февруари, објави денеска високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).
За само еден ден околу 160.000 луѓе пребегнале, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди, кој повика на хуманитарна помош за Украина и за бегалците од конфликтот.
Речиси 454.000 луѓе од вкупниот број бегалци отишле во Полска. Во Унгарија побегнале 116.348 бегалци, а во Словачка 67.000.
ОН очекуваат дека бројот на бегалци ќе продолжи да се зголемува.Проценките се дека на 12 милиони луѓе ќе им биде потребна помош и заштита во Украина, како и на повеќе од четири милиони бегалци од кризата.