Црна Гора се приклучува на санкциите на ЕУ против Русија

Протести против рускиот напад врз Украина во Црна Гора

Црногорското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата се приклучила на санкциите што Европската унија ги воведе против Русија по нејзиниот напад врз Украина.

Со приклучувањето кон рестриктивните мерки, економски и индивидуални санкции, Црна Гора ја продолжи политиката на стопроцентна хармонизација со надворешната политика на Европската унија, соопшти црногорското МНР.

Во исто време, Генералштабот на Армијата на Црна Гора најави дека ќе донира одредени количини заштитна опрема за Украина, пред сè заштитни елеци и балистички шлемови, додека Министерството за финансии издвои 50 илјади евра за помош на Владата во Киев. Исто така, црногорскиот Црвен крст отвори специјална телефонска линија преку која граѓаните можат да донираат пари за помош на народот во Украина.