Дипломати го бојкотирале говорот на Лавров на Советот за човекови права

Амбасадорката на Украина Евхенија Филипенко зборува на отворањето на седницата на Советот за човекови права на ОН, 28 февруари, 2022

Неколку дипломати, меѓу нив оние од САД, Обединетото Кралство и ЕУ, ја напуштија седницата на Советот за човекови права на Обединетите нации, кога рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров преку видео врска започна говор. Тие ја напуштија седницата во знак на протест против инвазијата на Москва на Украина.

Медиуми кои присуствуваа на денешниот состанок во Женева објавија дека бојкотот започнал кога била пуштена однапред снимената видео порака од Лавров.

Лавров слично на денеска беше бојкотиран и минатата недела на Конференцијата за разоружување.

Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари, по што се соочи со меѓународни санкции.