Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека рускиот напад врз Украина е „неприфатлив“, но дека неговата земја нема да ѝ сврти грб на ниту една дражава, а дека и со двете имаат силни односи. Говорејќи по состанокот на владата на 28 февруари, Ердоган рече дека Турција, членка на НАТО, ќе ги почитува своите обврски кон алијансата, но дека исто така не може да ги игнорира своите „национални интереси“ во регионот.
Тој додаде дека Турција, која дели поморска граница и со Украина и со Русија и има добри врски со секоја земја, ќе го спроведе долгогодишниот меѓународен поморски пакт за да спречи ескалација на војната. Конвенцијата од Монтро од 1936 година и дава право на Турција да им забрани на воените бродови да ги користат Дарданелите и Босфорот за време на војна. Украина претходно побара од Анкара да го спроведе договорот и да го забрани пристапот до руските воени бродови.
„Турција е решена да ги искористи овластувањата дадени со Конвенцијата од Монтро за турските теснец за да спречи ескалација на руско-украинската криза“, рече Ердоган.
Анкара воспостави блиски врски со Русија во енергетскиот и одбранбениот сектор, но исто така и продаде беспилотни летала на Украина.