Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да им укаже на кабелските оператори во Северна Македонија да ги исклучат каналите каде како основач се јавува Руската Федерација или приватни, правни или физички лица со потекло од оваа држава, препорача Владата на Република Северна Македонија.
Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската унија да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ.
Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен вчера рече дека РТ и Спутник се дел од „медиумската машина на Кремљ, а ЕУ развива алатки за забрана на нивните токсични и штетни дезинформации во Европа“.
„Тие повеќе нема да можат да ги шират своите лаги за да ја оправдаат војната на Путин и да видат поделба во нашата Унија“, рече фон дер Лајен.