Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот му рече на францускиот претседател Емануел Макрон дека решението за Украина е можно само доколку Киев е неутрален, „денацификуван“ и „демилитаризиран“ и ако формално биде призната руската контрола врз анектираниот Крим, соопшти Кремљ.
Путин ова го кажал во телефонски разговор со францускиот лидер, соопшти официјална Москва.
„Русија е отворена за разговори со претставниците на Украина и очекува (разговорите) да доведат до посакуваните резултати“, се наведува во соопштението кое го пренесува агенцијата Ројтерс.