Русија најави затворање на воздушниот простор за 35 земји

Илустрација

Како одговор на одлуката на повеќе земји да го затворат својот воздушен простор за руски авиони, руската авијација Росавијација објави дека во понеделник го затвора рускиот воздушен простор за 35 земји.

Забраната важи за сите земји членки на ЕУ и Канада.

Претходно ЕУ, донесе одлука да им забрани на руските авиони да го користат нејзиниот воздушен простор, како одговор на руската инвазија на Украина.

Хуманитарните летови се изземени од забраната, а исклучоци може да се направат и во други случаи преку руските владини министерства.