МНР апелира до македонските државјани да ја напуштат Русија

Зградата на Министерство за надворешни работи

Македонското министерство за надворешни работи повикувајќи се на одлуката на Европската Унија и други европски земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија, за затворање на Европскиот воздушен простор за руските авиопревозници, апелира македонските државјани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат се уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја.

„Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија. Соодветно, ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата“,соопштуваат од МНР.

Од министерството наведуваат дека ги известуваме граѓаните, кои се наоѓаат во или надвор од државата, да ги следат и да се информираат само од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва.