Разговорите со делегацијата на Украина се започнати, потврди руското Министерство за надворешни работи.
Украина претходно објави дека бара итен прекин на огнот и повлекување на руските трупи, додека Русија одделно не ги објави своите барања.
Преговорите се водат во регионот Гомел во Белорусија кој се наоѓа на границата со Украина.
Претходно беше соопштено дека украинската делегација, меѓу другите, е составна од министерот за одбрана Олексеј Резников и советникот на претседателот Михајло Подољак, соопшти денеска кабинетот на претседателот.
Средбата доаѓа неколку часа откако пред зори почнаа да се слушаат експлозии во главниот град на Украина, Киев, како и во Харков, соопштија украинските власти.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски предупреди дека следните 24 часа може да бидат критични.
Рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари нареди воена операција во Украина, а украинскиот претседател Зеленски прогласи воена состојба во земјата и нареди општа мобилизација.
Борбите се водат во неколку украински градови, меѓу кои Киев, Суми, Мариупол, Одеса и Харков.