Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука дека на територијата на Русија нема да има меѓународни фудбалски натпревари, а руската репрезентација своите натпревари да ги игра на неутрален терен без гледачи, поради руската инвазија врз Украина.
Во соопштението се вели дека Русија ќе биде исклучена од ФИФА доколку ситуацијата не се поправи наскоро.
Исто така, руската репрезентација нема да смее да ги користи државната химна и знамето.
„ФИФА ќе го продолжи дијалогот со Меѓународниот олимписки комитет, УЕФА и со други спортски организации, за да определи дополнителни мерки и санкции, вклучувајќи и можно исклучување од натпреварувањата, доколку ситуацијата не биде набргу поправена“, се вели во соопштението на ФИФА.