Кличко: 31 жртва и 106 ранети во руските напади во Киев

Витали Кличко, градоначалник на Киев

Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, изјави дека 31 лице загинало во главниот град во нападите на Русија додека украинските војници и граѓаните продолжуваат да се здружуваат за да се обидат да ја одбијат инвазијата. Кличко во објава на Телеграм наведе дека во текот на ноќта имало судири и престрелки во Киев.

„Русија гранатира станбени населби во главниот град на Украина. Нашата војска, силите за спроведување на законот и територијалната одбрана продолжуваат да ги откриваат и неутрализираат саботерите“, додаде тој.

Кличко рече дека нема руски војници присутни во Киев, додавајќи дека од 31 смртен случај, девет биле цивили.

Во текот на четирите дена од инвазијата, Кличко објави дека 106 лица се повредени, од кои 47 се цивили.

Во Киев е воведен полициски час, кој започна во сабота во 17:00 часот и ќе заврши во 8 часот во понеделник. Како што соопштија градските власти „сите цивили кои се на улица во периодот на полицискиот час ќе се сметаат за членови на диверзантските групи на непријателот“.

Во меѓувреме руските сили навлегоа во вториот најголем украински град Краков. Шефот на регионалната администрација во Харков, Олех Синехубов, рече дека украинските сили се борат против руските војници во градот и побара од цивилите да не ги напуштаат своите домови.

Руската инвазија на Украина започна пред четири дена.