Владата на на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за авио компании од Руската Федерација.
„Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност“, се наведува во соопштението на Владата.
Финска исто така денеска објави дека ќе го затвори својот воздушен простор за руски авиони, придружувајќи им се на другите европски земји во засилувањето на санкциите против Москва поради нејзината инвазија на Украина.
Веќе голем број други земји, како Бугарија, Чешката Република, Естонија, Германија и Полска го затворија својот воздушен простор за руски летови, принудувајќи ги руските авиони кон запад на огромни пренасочувања.