Германскиот канцелар Олаф Шолц најави огромно зголемување на трошоците за одбрана бидејќи конфликтот во Украина го принудува Берлин да ја преиспита својата надворешна политика.
„Ние очекуваме нова ера“, изјави Шолц пред пратениците на специјалната седница на парламентот на Бундестагот во Берлин, осврнувајќи се на руската инвазија на Украина.
Тој рече дека германската армија ќе добие 100 милијарди евра за инвестиции и проекти за вооружување од федералниот буџет.
Германија „од сега па натаму - од година во година - ќе инвестира повеќе од 2 отсто од бруто домашниот производ во нашата одбрана“ наведе Шолц.
Традиционално, Германија е назад на светската сцена кога станува збор за одбраната, за што честопати како причина се посочува нејзината историја како фашистички агресор во Втората светска војна. Сепак, во последниве години, земјата беше под притисок да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја исполни целта поставена за членките на НАТО, особено од поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Руската инвазија на Украина во четвртокот значително го зголеми тој притисок.
„Ќе мораме да инвестираме значително повеќе во безбедноста на нашата земја. За да ја заштитиме нашата слобода и нашата демократија на овој начин“, рече Шолц, повикувајќи на „големи национални напори“.
Берлин веќе го смени еден од своите ставови одлучувајќи да дозволи испраќање оружје во Украина. Владата претходно се спротивстави на барањата на Киев за воена помош како дел од нејзиното одбивање да испраќа оружје во воени зони.
Шолс остро го осуди рускиот напад на Украина и го обвини Путин за започнување ладнокрвна воена агресија.
„Тоа е нехумано. Тоа е спротивно на меѓународното право. Тоа не може да се оправда со ништо и никого“, наведе Шолц.
Германскиот лидер, кој ја наследи Ангела Меркел во декември, истакна дека Берлин е сè уште отворен за дипломатија- но се изјасни е против „да се зборува колку да се зборува“.
И Москва и Киев ќе треба да покажат вистинска волја да најдат дипломатско решение, рече Шолц и им порача на Украинците да не се откажуваат.
Неговите изјави дојдоа откако германското Министерство за транспорт потврди дека земјата ќе го затвори својот воздушен простор за руски летови во следните три месеци. Ова следува по слични најави од голем број европски нации.