Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи му дека светската организација планира „да ја зајакне хуманитарната помош за народот на Украина.
„Тој го информираше претседателот дека Обединетите нации во вторник ќе започнат апел за финансирање на нашите хуманитарни операции во Украина“, се вели во соопштението на портпаролот на ОН.
Шефот за помош на ОН, Мартин Грифитс вчера рече дека ќе бидат потребни повеќе од 1 милијарда долари за операциите за помош во Украина во следните три месеци, бидејќи стотици илјади луѓе се во движење откако Русија го нападна нејзиниот сосед.
Зеленски претходно порача дека ќе се борат онолку долго колку што е потребно за да ја ослободат земјата, додавајќи дека на неговата земја моментално и недостигаат нафта и нафтени продукти. Русија ја започна воената инвазија врз Украина на 24 февруари.