Унгарија ќе ги поддржи сите санкции на Европската унија против Русија и нема да блокира ништо, изјави премиерот Виктор Орбан, говорејќи на украинско-унгарската граница.
„Унгарија јасно стави до знаење дека ги поддржува сите санкции, така што нема да блокираме ништо, она што можат да го договорат премиерите на Европската унија, ние го прифаќаме и го поддржуваме. Ова е време да бидеме обединети. Тоа е војна“, рече тој, додавајќи дека мировните напори се најважни.
За Унгарија беше објавено дека е една од неколкуте земји од Европската унија кои сè уште се трудат да ја поддржат акцијата за запирање на пристапот на Русија до глобалниот платен систем СВИФТ, нешто што Киев го бараше, велејќи дека тоа веднаш ќе влијае на руската економија.
Лидерите н Полска и Литванија побараа од ЕУ да продолжи понатаму во својата поддршка за Украина во лицето на руската инвазија, додека тие се упатија на состанок со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки рече дека сите санкции против Русија треба да бидат на маса, вклучително и затворање на гасоводот „Северен тек“ што ја снабдува Европа со руски гас и запирање на нејзиниот пристап до СВИФТ.
Литванскиот претседател Гитанас Наузеда, исто така, рече дека е важно на Украина да и биде обезбедена „вистинска воена помош“.
И Полска и Литванија ги делат границите со Русија и Белорусија, додека Полска, исто така, се граничи со Украина.
„Дојдов во Берлин а да ја протресам совеста на Германија за конечно да сеодлучат за навистина остри санкции кои ќе влијаат на одлуките на Кремљ“, изјави Моравјецки пред канцеларијата на Шолц.
„Треба да ги затвориме Северен тек 1 и 2, треба да ја намалиме зависноста од суровините, да ги отсечеме руските финансиски институции од пазарите на капитал, да ги конфискуваме имотите на олигарсите, да го затвориме СВИФТ за Русија... Сите санкции против Русија треба да бидат на масата", додаде тој.
Зборувајќи заедно со Моравјецки, Наузеда рече дека ќе побара од Шолц да го поддржи давањето на Украина на статус на земја кандидат за ЕУ и испраќање значителна воена помош.
„Разговарав со Зеленски на патот до овде, и тој рече дека европската перспектива ќе биде голем мотив за Украинците да се борат за својата и иднината на нивните деца. И сега е важно да се обезбеди вистинска воена помош за Украина. Ова е најважно... потребна ни е брза одлука“, додаде тој.
Русија ја започна воената инвазија врз Украина на 24 февруари.