Ердоган до Зеленски: Турција прави напори за прекин на огнот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со украинскиот претседател Володимир Зеленски

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски рекол дека Анкара прави напори за итен прекин на огнот. Во соопштението на турското претседателство се наведува и дека Ердоган исто така изразил сочувство за Украинците убиени во руската инвазија на земјата.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во меѓувреме телефонски разговарал со неговиот рускиот колега Сергеј Лавров и го повикал земјата да прекине со воените операции во Украина, јави турската приватна телевизија НТВ.
Чавушоглу истакнал дека никој нема интерес од ескалација на воените тензии и повторно ја искажал подготвеноста на Турција да биде домаќин на евентуални разговори меѓу Русија и Украина доколку тоа се сака.

Русија ја започна воената инвазија врз Украина на 24 февруари. Голем број држави и меѓународни институции го осудија нападот врз Украина и дадоа поддршка на украинскиот суверенитет и територијален интегритет.