Вучиќ – Србија нема да воведе санкции за Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина и го смета за погрешно тоа што се крши тој интегритет, но нема да воведе санкции за Русија.

Тој вели дека при разгледувањето на барањето за санкции за Русија, Србија ќе се води исклучиво од свој интерес, а во моментов витален интерес на Србија не е да воведува санкции за ниту една земја.
Вучиќ вели дека Србија се соочувала со контрадикторности и притисоци, но и покрај се одлуката е донесена трезвено, со ладна глава и во најдобар интерес на земјата.

Руската војска вчера започна напад на Украина, а украинскиот претседател прогласи вонредна состојба и нареди општа мобилизација.
Сите европски држави ја осудија инвазијата, а Србија до вечерва беше единствената воздржана европска земја.

ЕУ, САД, Британија и други западни земји воведоа санкции кон Русија.