Русија ги задржува економските врски со централноазиските земји

Рускиот претседател Владимир Путин,

Рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин и претседателката на Советот на федерацијата Валентина Матвијенко разговарале за меѓусебните односи со лидерите на три централноазиски земји поради санкциите воведени кон Русија од Западот поради нејзината агресија врз Украина.

Прес-службата на Кремљ соопшти дека Путин имал телефонски разговори со узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев за билатералните односи и тековната ситуација во Украина, каде што руските воени сили продолжуваат со нападите врз воените единици на украинските вооружени сили што ги започнаа претходниот ден.

„Шавкат Мирзијоев изрази разбирање за активностите преземени од руската страна“, соопштија од прес-службата.

Неколку часа претходно, казахстанската претседателска служба соопшти дека казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев и рускиот премиер Михаил Мишустин разговарале за начините за зачувување на меѓусебните економски врски и трговија во услови на наметнати санкции од Западот кон Русија.

Токаев и Мишустин, меѓу другите прашања, разговарале за „заедничките напори да се спречи намалувањето на трговијата меѓу двете нации во услови на ескалација на ситуацијата во Украина и меѓународните санкции што се воведуваат кон Русија“, соопшти претседателската прес-служба.

Мишустин пристигна во главниот град на Казахстан, Нур-Султан, еден ден претходно за да учествува на седницата на Евроазискиот меѓувладин совет.

Денеска и Матвијенко разговараше за трговските и економските врски со највисоките претставници на Таџикистан, во Душанбе.

Матвиенко изјави дека во 2021 година обемот на трговијата меѓу двете земји се зголемил за 45 отсто и достигнал повисоко ново отколку пред пандемијата. Матвиенко, исто така, рече дека Русија ќе воведе санкции против Западот на реципрочен начин бидејќи „и западот има и многу чувствителни страни“.

Според Матвиенко, се очекува Путин наскоро да допатува во официјална посета на Душанбе, без да прецизира конкретен датум.

Дискусиите за односите меѓу Русија и трите централноазиски земји се одржуваа откако лидерите на Европската унија се согласија да воведат дополнителни санкции против Русија за кои велат дека ќе имаат „масивни и тешки последици“ како одговор на „варварската“ инвазија на рускиот претседателот Владимир Путин на Украина.

Вчера американскиот претседател Џо Бајден објави уште една рунда остри санкции на САД против Русија поради воената агресија врз Украина.