ЕУ ги замрзнува средствата на Путин и Лавров

Mинистерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и портрет на рускиот претседател Владимир Путин.

Европската унија ги замрзнува финансиските средства на рускиот претседател Владимир Путин и на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, дознава РСЕ од дипломатски извори во Брисел.

Таквата одлука е донесена на состанокот на амбасадорите на државите членки на ЕУ. Тие денеска формално треба да го одобрат вториот пакет санкции за Русија.

Замрзнувањето на средствата на Путин и Лавров ќе биде додадено во постоечкиот пакет санкции, кој ќе биде формализиран денеска.

Претходно денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел потврди дека Европската унија подготвува нов, трет, пакет санкции кон Русија.