Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска изјави дека „никој не планира да ја окупира Украина“, на вториот ден откако Русија ја нападна Украина.
Тој вели дека Русија ќе обезбеди демилитаризација на Украина, но не гледа можност сегашната украинска влада да се признае како демократска, јавува Ројтерс.
Лавров исто така вели дека Кремљ сака украинскиот народ да биде независен.
Тој порачува дека Москва не сака со Украина да владеат „неонацисти“.
Лавров вели дека украинскиот претседател Володимир Зеленски лажел кога рекол дека е спремен да разговара за неутралниот статус на Украина.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Украински функционери претходно соопштија дека руска војска влегла во главниот град на Украина, Киев, а војската ги повика граѓаните да се приклучат на одбрана на земјата.
Русија вели дека ќе разговара со Украина само откако војската на Украина ќе го остави оружјето.