Инвазијата може да натера пет милиони Украинци да избегаат во странство

Луѓе од Украина влегуваат во Романија

Руската инвазија на Украина може да принуди пет милиони луѓе да избегаат во странство, соопштија денеска хуманитарните агенции на ОН. Тие јавуваат дека во делови на Украина горивото, готовината и медицинските материјали се при крај по руската инвазија.

Најмалку 100 илјади луѓе се протерани од Украина откако ги напуштиле своите домови, додека неколку илјади веќе преминале во соседните земји, вклучувајќи ги Молдавија, Романија и Полска, изјави портпаролката на агенцијата за бегалци на ОН, Шабија Манту на брифингот во Женева.

„Сè уште се обидуваме да видиме која цивилна инфраструктура во Украина каде е погодена“, рече на брифингот, регионален директор на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Афшан Кан.

Портпаролот на канцеларијата за човекови права на ОН, Равина Шамдасани, изјави дека има извештаи за најмалку 127 цивилни жртви во Украина, вклучувајќи 25 убиени и 102 повредени, кои настрадале од гранати и воздушни напади.

Русија почна напад на Украина на 24 февруари.