Унгарија ќе отвори хуманитарен коридор за граѓаните од трети земји како Иран или Индија кои бегаат од Украина, соопшти денеска изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, јавува Ројтерс. Тој вели дека граѓаните од трети земји кои бегаат од Украина ќе се пуштаат во Унгарија без виза и ќе бидат однесени до најблискиот аеродром Дебрецен.
Сијарто во видео објавено на неговата страница на Фејсбук вели дека преминувањето од Украина е континуирано на пет премини, но автомобилите чекаат во ред од 3 до 5 километри на украинската страна.
По рускиот напад на Украина на 24 февруари, луѓе ја напуштаат земјата и се упатуваат кон соседните земји.