Хакерската група Анонимус и објави сајбер војна на Русија, тврдејќи дека онеспособила неколку интернет страници на владини институции, како и интернет страницата на медиумот Русија Тудеј - РТ (Russia Today).
Профил на социјалните мрежи кои наводно е на хакерската група Анономус наведува дека групата официјално е во војна со Русија и дека досега нападнале неколку интернет страници како одговор на руската воена акција во Украина.
Интернет страниците на руската влада, Кремљ, Думата, министерството за одбрана и РТ се под сајбер напад, некои од нив споро се отвораат или се изгаснати, додека други си ја повратиле функцијата.