Светската здравствена организација (СЗО) изрази загриженост за очекуваната здравствена вонредна состојба во Украина поради руската инвазија на земјата.
„Во услови на брзо расплетување на конфликтот во Украина, Регионалната канцеларија на СЗО за Европа ја повторува својата длабока загриженост за безбедноста, здравјето и благосостојбата на сите цивили погодени од кризата во земјата, а можеби и пошироко“, соопшти регионалната канцеларија на СЗО за Европа, наведувајќи дека секоја дополнителна ескалација може да резултира со хуманитарна катастрофа.
Зеленски: досега 137 Украинци загинаа во руската инвазија
„Секоја понатамошна ескалација може да резултира со хуманитарна катастрофа во Европа, вклучително и значителен биланс во однос на жртвите, како и дополнителна штета на и онака кревките здравствени системи“, додаде канцеларијата. „СЗО тесно соработува со сите партнери на ОН за брзо зголемување на подготвеноста за одговор на очекуваната здравствена вонредна состојба предизвикана од конфликтот, заштита на нашиот персонал и минимизирање на пречки во испораката на критичните здравствени услуги“, се вели во извештајот.