УЕФА на вонреден состанок за политичката ситуација во Украина

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, свика за денеска вонреден состанок на Извршниот комитет на Европската куќа на фудбалот во врска со ситуацијата во Украина. „Состанокот е свикан со цел да се процени ситуацијата и да се донесат сите неопходни одлуки“, се вели во соопштението на УЕФА. Меѓу другото, ќе се разговара и за тоа дали на Русија ќе ѝ биде одземена организацијата на финалниот натпревар од Лигата на шампионите, кој треба да се одигра на 28 мај во Санкт Петербург.

Британија бара финалето во Лига на шампиони да не се одржи во Русија

Според неименуван извор во УЕФА, одлуката за поместување на финалниот натпревар од најелитното европско натпреварување ќе биде потврдена на денешниот состанок. Русија вчера изутрината ја нападна Украина, по што украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи воена состојба Натпреварувањето во фудбалскиот шампионат на Украина е прекинато до понатамошно известување.