Нуклеарната централа Чернобил и зоната на исклучување околу неа се заземени од руските сили, изјави украинскиот премиер Денис Шмигал на 24 февруари.
„За жал, морам да кажам дека, од сега, зоната Чернобил, таканаречената зона на исклучување и сите објекти во Чернобил се ставени под контрола од руски вооружени групи“, рече Шмигал на брифинг со новинарите по вонредниот состанок на владата во Киев.
„Според раководството на исклучената зона Чорнобил, во моментов нема жртви“, рече тој, додавајќи дека дополнителните информации ќе бидат објавени по разјаснување на состојбата.
Руските сили ја освоија електраната, местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот, по „жестока“ битка на првиот ден од руската инвазија на Украина, изјави советник на шефот на кабинетот на претседателот.
„По апсолутно бесмислениот напад на Русите во оваа насока, невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна. Ова е една од најсериозните закани за Европа денес“, рече советникот Михаило Подољак.
- Бајден најави замрзнување на средствата на руските банки
- Британија со санкции за руски Аерофлот, банки, олигарси
Дел од руската војска се собра во исклучената зона во Чернобил пред да премине во Украина рано на 24 февруари, изјави руски безбедносен извор, според Ројтерс. Русија сака да го контролира нуклеарниот реактор во Чернобил за да му сигнализира на НАТО да не се меша воено, изјави изворот за агенцијата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека руските сили се обидуваат да ја заземат нуклеарната централа Чернобил.
Рано утрото на 24 вефруари руски трупи извршија напад на Украина, чин кој го осудија голем број држави, меѓународни сојузи и институции, а западните лидери најавија остри санкции за Москва поради овој чин.