Г7- Путин се стави на погрешната страна на историјата

Групата седум најразвиени земји (Г7)ја нарече руската инвазија на Украина „сериозна закана“ за глобалниот поредок. Во нивната изјава се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин се ставил на погрешната страна на историјата со тоа што започнал војна во Европа.

Групата имаше виртуелен состанок, по што испратија соопштение. Состанокот уследи по руската воена акција, која наиде на бес и осуда низ целиот свет.

Г7 соопшти дека е „подготвена да дејствува“ во случај на прекини во снабдувањето со енергија, а исто така е подготвена да го поддржи со хуманитарна помош очекуваниот бран бегалци и раселени лица.


На состанокот учествуваше американскиот претседател Џо Бајден и неговите колеги од другите земји на членки на Г7 - Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија.

Европската унија, исто така, го засилува својот одговор на руската инвазија на Украина. Во нацрт-копија од изјавата на Европскиот совет до која дојде РСЕ, се наведува дека ЕУ ќе се согласи на дополнителни санкции кои ќе наметнат огромни и тешки последици врз Русија како одговор на нејзината акција.

Во соопштението, стои и дека ќе има дополнителен пакет санкции што ќе ја опфатi и Белорусија.

ЕУ претходно денеска го повика рускиот амбасадор во Европската унија, на кој му била пренесена „најостра осуда“ за нападот врз Украина, се вели во соопштението на службата за надворешна политика на ЕУ.

„На амбасадорот Владимир Чижов му беше кажано да го пренесе до Москва барањето на Брисел за итен прекин на воените операции“, се вели во соопштението.