Иран - „Потребни се одредени одлуки“ од Западот за постигнување на нуклеарен договор

Главниот ирански нуклеарен преговарач Али Багери Кани заминува по состанокот на Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) во Виена.

Главниот ирански нуклеарен преговарач ги повика западните партнери во нуклеарните разговори во Виена да „донесат одредени одлуки“ за да се потпише договор за обновување на нуклеарен договор од 2015 година.

„Да се биде блиску до финишот не е гаранција за тој да се помине. Тоа бара дополнителна претпазливост, многу упорност, дополнителна креативност и избалансиран пристап кон преземањето на последниот чекор“, напиша на Твитер Али Багери Кани на 24 февруари.

Преговорите за заживување на договорот, според кој Техеран се согласи да ги ограничи чувствителните нуклеарни активности во замена за олеснување на санкциите, започна во Виена пред повеќе од 10 месеци.

Американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година ги повлече САД од договорот и повторно воведе строги санкции што ја погодија иранската економија и валутата на земјата.

Откако Вашингтон се повлече, Иран почна да прекршува некои од нуклеарните ограничувања според договорот.

Иранското Министерство за надворешни работи на 21 февруари соопшти дека разговорите постигнале „значаен напредок“, иако сè уште има нерешени прашања.