НАТО за утре закажа состанок на лидерите на земјите членки во Брисел за да ги разгледа наредните чекори по руската инвазија врз Украина, информираат дипломати.
Засега не е познато кои лидери ќе учествуваат на состанокот.
Многу лидери на земјите од ЕУ веќе ќе бидат во Брисел за состанок на Унијата, но таму не се вклучени САД, Канада и Турција.
Украина не е членка на НАТО, но е усогласена со Западот и добива политичка, економска и воена поддршка од членките на НАТО во спротивставување на Русија.
Руските сили рано утринава ја нападнаа Украина откако рускиот претседател Владимир Путин нареди „специјална операција“ за „демилитаризација“ на земјата.