Лукашенкo - Белоруските трупи не се дел од рускиот напад врз Украина

белоруски лидер Александар Лукашенко.

Авторитарниот белоруски лидер Александар Лукашенко вели дека неговата војска не учествува во рускиот напад на Украина, кој беше започнат на 24 февруари, објавија државните медиуми.

„Нашите вооружени сили не учествуваат во оваа операција“, рече Лукашенко кој е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Москва стационираше илјадници војници во Белорусија и неодамна во земјата учествуваше во воени маневри со околу 30.000 војници.

Вежбите требаше да завршат оваа недела, но беа продолжени пред рускиот напад врз Украина.

Многу западни лидери рекоа дека вежбите се користат за покривање на руските намери пред нападот врз Украина.

Видео на социјалните мрежи наводно покажува како руските војници преминуваат во Украина од Белорусија.

Агенцијата за гранична стража на Украина објави артилериски налет од руски војници од Белорусија.

Путин рано наутро му се јавил на Лукашенко за да го извести дека Москва започнува воена операција врз Украина, соопшти кабинетот на Лукашенко.

„Околу 5 часот денеска имаше телефонски разговор меѓу претседателите на Белорусија и Русија“, соопшти кабинетот на Лукашенко.

„За време на повикот Владимир Путин го информираше својот белоруски колега за ситуацијата на границата со Украина и во Донбас“, се вели во соопштението.