Украина ги прекина дипломатските односи со Русија, повик до граѓаните во одбрана на земјата

УКРАИНА -- Пожарникарите работат на пожар на зграда по бомбашките напади врз градот Чугуив во источна Украина на 24 февруари 2022 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека ги прекинал дипломатските односи со Москва и ги повика украинските граѓани да помогнат во одбраната на земјата од рускиот напад, велејќи дека ќе им биде издадено оружје за да се приклучат во борбата.

Во телевизиското обраќање на 24 февруари, Зеленски ги повика и Русите „кои не ја изгубиле честа“ да излезат и да протестираат против воениот напад на нивната влада врз Украина.

Зеленски рече дека Украина претрплае „сериозни загуби“ во рускиот напад и повика на дарување крв.

Во услови на спротивставени извештаи, советник на Зеленски рече дека околу 40 Украинци биле убиени во првите часови од нападот, а дека уште најмалку десет биле повредени.


Украинските власти рекоа дека војската на земјата возвраќа против Русите и побараа помош од Западот во одбраната.

Видеото снимка објавена на западните медиуми покажува долги колони автомобили кои излегуваат од Киев по преполните улици на главниот град.

Соседните земји соопштија дека се подготвуваат да примат илјадници бегалци од Украина.

За нападот на Москва врз Украина се стравуваше одамна, а тој започна рано на 24 февруари со проектили истрелани кон аеродромите и воената опрема во околу 25 градови, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди „специјална“ операција за „демилитаризација“ на нејзиниот сосед и ривал.

Потегот на Кремљ предизвика широк, гнев и осуди низ целиот свет, при што САД и нивните сојузници ветија дека ќе спроведат нови силни санкции против Москва.