Неколку интернет страници на украинската влада и веб-страниците на некои украински банки беа офлајн на 23 февруари во, како што соопшти владата, уште еден очигледен сајбер напад.
Интернет страниците на парламентот, кабинетот и Министерството за реинтеграција на окупираните територии беа меѓу оние кои беа недостапни.
Украинската државна агенција за сајбер безбедност соопшти дека нападот привремено ги оневозможил веб-страниците, додавајќи дека нападите нагло ескалирале во изминатата недела.
Агенцијата ја побвини Русија и руските актери за нападот, велејќи дека тие „веќе не се ни обидуваат“ да го сокријат својот идентитет.
Владата соопшти дека нападот бил дистрибуирано одбивање на услугата (DDoS) - тип на напад што ги преплавува веб-страниците со испраќање голем број барања одеднаш. Веб-страниците не беа достапни или само едвај функционираа.
Безбедносните мерки преземени по претходните сајбер напади, вклучително и оној минатата недела, се чинеше дека спречија нападот да погоди други владини локации.
Соединетите Држави се во контакт со украинските власти за потребите на земјата за сајбер безбедност, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
САД планираат „итно да ја проценат природата и обемот на [сајбер нападот], какви чекори треба да се преземат, а со тоа и одговор“, рече таа.