Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата администрација ќе воведе санкции за „Северен тек 2 АГ“, компанијата задолжена за изградба на рускиот гасовод Северен тек 2. „Денеска и наредив на мојата администрација да воведе санкции против „Северен тек 2 AG“ и неговите корпоративни службеници“, рече Бајден. На 22 февруари САД воведоа санкции кои вклучуваат блокирање на две руски банки и на пристапот на Москва до западните финансиски институции, како и санкции за руските олигарси.
Бајден- Кој му даде право на Путин да прогласува независност на туѓи територии
ЕУ даде „зелено светло“ за санкции против руски пратеници
Вчера стапија во сила санкциите на ЕУ против Русија како одговор на Унијата на руската агресија врз Украина, таргетирајќи владини претставници, пратеници и бизниси. Санкциите се однесуваат на 27 поединци и ентитети, вклучително и владини министри, високи воени офицери, компании и деловни лидери поради нивната улога во „загрозувањето на територијалниот интегритет“ на Украина, се вели во соопштението на ЕУ. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, главен советник на претседателот Владимир Путин и сите 351 пратеници кои гласаа за признавање на независноста на Доњецк и Луганск во источна Украина се меѓу санкционираните. Тоа значи замрзнување на имотот и забрана за патување во ЕУ.