Експлозии и пукање се слушаат во Киев и други градови откако Путин нареди „специјална“ операција

илустрација

Експлозии и пукотници беа забележани во Киев и други украински градови, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „специјална“ операција за „демилитаризација“ на земјата, потег што може да сигнализира почеток на тешки борби меѓу двете земји. Извештаите од западните новински агенции рано на 24 февруари наведуваат дека повеќе градови биле нападнати и дека копнените сили влегуваат во Украина од различни позиции во Русија и Белорусија. Видеото во живо од CNN покажа експлозии во неколку делови на главниот град Киев. Ројтерс цитира сведок кој вели дека експлозии се слушнале во Киев.

САД предупредува на бегалска криза


Пукотници се слушнале во близина на главниот аеродром Бориспил во Киев веднаш откако Русија ја објави операцијата, објави новинската агенција Интерфакс, цитирајќи локални медиуми. Интерфакс објави за ракетни напади врз воени објекти низ Украина и оти руските војници слетале во јужните пристанишни градови Одеса и Мариупол. Исто така, објави дека персоналот и патниците се евакуираат од аеродромот Бориспил во Киев. Првичните извештаи не можеа сите да бидат независно потврдени. Засега нема информации за повредени или загинати, но портпаролот на украинското Министерство за внатрешни работи изјави дека започнала инвазија од целосен обем. Toa на Твитер го потврди и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба во четвртокот на Твитер. „Путин штотуку започна целосна инвазија врз Украина. Мирните украински градови се под удари. „Ова е агресија. Украина ќе се брани и ќе победи. Светот може и мора да го запре Путин. Сега е време да се дејствува“.

Признавањето на Путин ги опфаќа сите територијални претензии на сепаратистите во Украина

Во националниот телевизиски говор рано на 24 февруари, Путин се обиде да ја оправда офанзивната операција тврдејќи дека мора да ја спречи Украина да се здобие со нуклеарно оружје, објави руската државна телевизија. Тој ја повика украинската војска да го положи оружјето. Путин ги предупреди другите земји дека секој обид за мешање во руската акција ќе доведе до „последици кои никогаш не ги виделе“. Тој рече дека нападот е потребен за да се заштитат цивилите во источна Украина - тврдење за кое САД предвидуваа дека ќе биде оправдување за инвазијата. Во телевизиско обраќање, Путин ги обвини САД и нивните сојузници дека го игнорираат барањето на Русија да ја спречи Украина да влезе во НАТО и да и понуди на Москва безбедносни гаранции. Тој рече дека целта на Русија не е да ја окупира Украина. Американскиот претседател Џо Бајден веднаш ја осуди операцијата, нарекувајќи ја „неиспровоциран и неоправдан“ напад врз Украина и рече дека светот „ќе ја бара одговорност од Русија“. Тој рече дека Русија ќе биде одговорна за „катастрофалната загуба на животи и човечкото страдање“.