Во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк, американската амбасадорка во Обединетите Нации, Линда Томас-Гринфилд, предупреди дека светот „стои на раскрсница во историјата на оваа борба“, додавајќи дека дејствијата на Русија само го потврдуваат она за што веќе предупредиле.
Таа рече дека руската агресија не ја загрозува само цела Украина, туку и секоја земја-членка и самите ОН.
„Претседателот Путин ни даде најјасна индикација за своите намери во понеделникот, кога побара од светот да отпатува назад повеќе од 100 години, во времето пред постоењето на Обединетите Нации и времето на империите. Тој инсистираше на тоа дека Русија може повторно да ги колонизира своите соседи. И ќе употреби сила за да направи фарса на Обединетите Нации. САД тоа одлучно го отфрлија. Ова е 2022 година, не се враќаме во ерата на империите и колониите и СССР“, изјави Томас-Гринфилд.
- Русија најави силен одговор на американските санкции
- Признавањето на Путин ги опфаќа сите територијални претензии на сепаратистите во Украина
Таа меѓудругото предупреди дека доколку Русија продолжи по овој пат, може да создаде нова бегалска криза“, додавајќи дека илјадници луѓе ќе бидат раселени поради „војната по избор на Русија“.
На 21 февруари Путин ја призна независноста на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина и одобри испраќање војници во областа. Двата региони граничат со Русија и од 2014 година се контролирани од борци поддржани од Русија.