Повеќе западни земји воведоа санкции кон Русија, по потезите на Соединетите држави, Европската Унија и Британија да ја казнат Москва за нејзините постапки во Украина, додека светот го очекува следниот потег на претседателот Владимир Путин во тензичниот регион. Австралија на 23 февруари соопшти дека ќе се усогласи со Соединетите држави и Британија со таргетирање на две руски банки и воведување забрана за патување на осум членови на путиновиот Совет за безбедност. Премиерот Скот Морисон - како и лидерите во Соединетите држави и Британија - рече дека санкциите се првата група од арсеналот потенцијални санкции што Австралија може да ги икористи против Русија.
Бајден- Кој му даде право на Путин да прогласува независност на туѓи територии
Во меѓувреме, јапонскиот премиер Фумио Кишида на 23 февруари, исто така, ги истакна мерките против Русија, велејќи дека неговата влада ќе забрани ново издавање и дистрибуција на руски државни обврзници во Јапонија. Јапонија, исто така, ќе забрани патување на луѓе поврзани со двата украински сепаратистички региони и ќе ги замрзне нивните средства во Јапонија, рече Кишида. Канадскиот премиер Џастин Трудо најави серија економски санкции за Русија „додека не се врати територијалниот интегритет на Украина“. Канада ќе им забрани на своите граѓани да вршат какви било странски трансакции со проруските сепаратистички територии Луганск и Донецк во источна Украина, ќе воведе санкции за руските пратеници кои гласаа за „незаконска одлука за признавање на тие територии“ и ќе им забрани на Канаѓаните да учествуваат во купувањето руски долг, рече доцна синоќа Трудо. Дополнително, ќе бидат воведени санкции за руските банки поддржани од државата, а Канада ќе „забрани какви било финансиски трансакции со нив“, додаде канадскиот премиер.
Руските пратеници дадоа „зелено светло“ за употреба на воена сила надвор од Русија
Потезите доаѓаат по одлуката на Путин да признае два сепаратистички региони во источна Украина како независни држави и да испрати војници таму, акции што беа осудени од Западот, Обединетите нации и други земји и организации. И покрај неговите постапки, Путин на 23 февруари рече дека неговата земја е подготвена да бара „дипломатски решенија“ за актуелната криза, но тој истакна дека за интересите на Русија нема да се преговара.