Романија би можела да прими 500.000 бегалци од соседна Украина доколку се влоши кризата со Русија, изјави министерот за одбрана Василе Данчу. „Проценките се во тек. Можеме да примиме повеќе од 500.000 бегалци, што е бројка за која сме подготвени“, им рече Данку на новинарите. Според него, властите планираат да отворат прифатни центри, особено во големите градови долж заедничката граница, долга околу 650 километри. „Засега тоа е чисто хипотетичка ситуација“, прецизира министерот, при што можните бегалци би можеле да изберат да заминат во Полска.
Воени вибрации и на украинско – романската граница
Романските власти, вклучително и претседателот Клаус Јоханис, остро го осудија руското признавање на проруските сепаратистички региони во источна Украина, повикувајќи на „строг одговор од меѓународната заедница“. Јоханис на Твитер објави дека разговарал со својот полски колега Анджеј Дуда и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за санкциите против Русија.