Министерството за надворешни работи на Белорусија соопшти дека на потегот на рускиот претседател Владимир Путин гледа со почит и разбирање, но не наведе дали Минск ќе го следи тој пример и ќе ги признае самопрогласените украински области Доњецк и Луганск.
Најблиските сојузници на Русија изгледа не се подготвени веднаш да ја поддржат одлуката на Москва да ја признае независноста на областите под контрола на бунтовниците во источна Украина, наведува новинската агенција АП.
Бајден- Кој му даде право на Путин да прогласува независност на туѓи територии
Претседателот на Казахстан, кој минатиот месец побара безбедносен сојуз на чело со Русија со цел да се смират насилните немири во земјата, рече дека прашањето за признавање на сепаратистичките региони не е на агендата на земјата. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Москва не го спомена руското признавање на Доњецк и Луганск, туку се фокусираше врз билатералните односи. Ерменија сè уште не објавила никаква порака за поддршка за рускиот потег. За тоа време, Путин се обиде да ги убеди руските поранешни советски сојузници дека тој не предвидува обнова на Советскиот Сојуз. Тој му рече на азербејџанскиот претседател дека шпекулациите дека Русија ќе се обиде да ја обнови својата „империја“ се апсолутно неточни.