НАТО на онлајн самит по руското признавање на делови на Украина

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг

НАТО денеска, како што е најавено треба да одржи виртуелен самит откако потегот на Русија да признае два отцепени региони во источна Украина како независни, ги зголеми тензиите меѓу Русија и Западот. Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг синоќа изјави дека НАТО очекува Русија да изврши напад од големи размери во Украина и затоа ги стави своите сили за брза реакција во подготвеност за да ги брани своите сојузници. „Сè укажува дека Русија планира масовен напад врз Украина“, изјави Столтенберг по вонредниот состанок на комисијата НАТО-Украина во седиштето на Алијансата во Брисел.

Руските пратеници дадоа „зелено светло“ за употреба на воена сила надвор од Русија

Столтенберг рече дека Русија ветила оти ќе ги повлече своите трупи и наместо тоа „концентрирала повеќе сили, во борбена готовност и е подготвена за напад“. Според него, НАТО е подготвен да ги брани сојузниците. Силите за брз одговор се во подготвеност, но не се распоредени, додаде Столтенберг. Заради закажаниот самит турскиот претседател Таип Ердоган го откажа планираното патување во Гвинеја-Бисао и се врати во Турција.

Бајден- Кој му даде право на Путин да прогласува независност на туѓи територии

Претходно Ердоган рече дека потегот на Москва е неприфатлив. Ердоган беше на тридневна посета со највисоките членови на владата во Демократска Република Конго, Сенегал и Гвинеја-Бисао. Соединетите држави, Европската унија и другите западни сили се загрижени за војната од големи размери во Украина и најавија санкции врз Русија. Турција има добри врски и со Москва и со Киев и понуди да дејствува како посредник и во принцип се противи на санкциите.