Околу 150 американски војници и воена опрема ќе пристигнат во Бугарија на заедничка обука, соопшти денеска бугарското Министерство за одбрана.
Американските војници и оклопни возила денеска и четврток ќе преминат од Романија во Бугарија за да учествуваат во обуката насочена кон зајакнување на компатибилноста на војниците, се наведува во соопштението на Министерството во Софија.
Според договорот на НАТО со сојузникот Бугарија, САД можат да задржат до 2.500 американски војници во неколку заеднички бази во таа земја.
Минатата недела, министерот за одбрана Стефан Јанев најави дека американската војска ќе биде стационирана во воената база Ново Село во источна Бугарија на заедничка обука.