Европската унија едногласно донесе одлука да воведе нови санкции против Русија поради нејзиното признавање на сепаратистичките региони во источна Украина и распоредувањето војници таму.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан изјави дека министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ „едногласно се согласиле за првичниот пакет санкции“ за време на состанокот во Париз, додавајќи дека Русија го прекршила меѓународното право и своите обврски.
Санкциите ќе бидат насочени кон пратеници на рускиот парламент и сите поединци кои го одобрија распоредувањето на руските трупи во регионите на источна Украина под контрола на сепаратистите, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Лудост или метод? Зошто Путин ги призна сепаратистите во Украина?
Пакетот санкции, исто така, ќе влијае на руското финансирање на воените и други операции поврзани со Украина, со ограничување на пристапот до финансиските пазари на ЕУ, рече тој, додавајќи дека санкциите против Русија ќе бидат тешки и силно ќе ја „здоболат“.
На ова, претходеа други санкции против Москва, вклучително и одложувањето на гасоводот Северен тек 2, како одговор на потегот на претседателот Владимир Путин да признае два сепаратистички региони во Украина како независни држави и да испрати војници на источниот дел на Украина.