Горниот дом на рускиот парламент едногласно го одобри барањето на претседателот Владимир Путин за употреба на воена сила надвор од земјата. Претходно Путин испрати писмо до Парламентот и Советот на федерализацијата со кое бара да се формализира воено распоредување во регионите во источна Украина контролирани од сепаратистите поддржани од Русија, еден ден откако Путин ја призна нивната независност.
Шефот на НАТО Јенс Столтенберг денеска во својот говор во Брисел истакна дека Русија не престанала да планира целосна инвазија врз Украина.
Лудост или метод? Зошто Путин ги призна сепаратистите во Украина?
„Секој показател укажува дека Русија продолжува да планира целосна инвазија врз Украина. Продолжуваме да ја повикуваме Русија да се повлече... никогаш не е доцна да не се нападне“, изјави тој на прес конференцијата.
Белата куќа го нарече распоредувањето на руските војници во источна Украина „инвазија“, што укажува дека е помината црвената линија што ќе резултира со воведување на строги санкции на САД против Москва.
Путин нареди испраќање војници во Украина откако ја призна независноста на Доњецк и Луганск
„Сметаме дека ова е, да, почеток на инвазијата, најновата руска инвазија во Украина“, рече Џон Финер, главен заменик советник за национална безбедност. „Инвазијата е инвазија и тоа е она што е во тек“.
Путин ги игнорираше предупредувањата на Западот и вчеравечер соопшти дека Русија ги признава како независни регионите Доњецк и Луганск во источна Украина кои се под контрола на сепаратистите поддржани од Москва.