Мехмедовиќ- Трудниците да се вратат на работа и да се вакцинираат

Комисијата за заразни болести предложи до министерството за здравство да ги укине задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, со првата мерка тоа не значи дека во земјите каде што ќе биде потребно да се поседува ПЦР тест или ковид-сертификат дека сте вакцинирани или прележани дека таму нема да се бараат, туку напротив дека при излез од земјава онаа мерка што беше воведена во текот на минатата година дека треба да се поседува или да се покаже на нашите гранични органи, таквата мерка се укинува.

Иако податоците од анализата на епидемиолошката состојба од минатата недела покажуваат намалување на бројот на новозаразени и на смртни случаи како последица од ковид, рано е да се разговара за какво било укинување на мерките за заштита од ширење на вирусот, смета Комисијата за заразни болести.

Ковид мерки по резултатите од серолошката анализа

Тој додаде дека мерката за ослободување од работа на бремените жени се укинува поради препораките бремените жени и мајките доилки да се вакцинираат и на тој начин да го заштитат своето здравје.

„Препораките во светот се дека може да се вакцинираат и дека е безбедна вакцинацијата за бремените жени и дека е препорачлива и не само што е безбедна за да можат да бидат побезбедно нивното здравје не само да е поврзано со работниот процес, туку и генерално со движењето низ популацијата. Препораките што ги кажавме се однесуваат на унапредување на здравјето на бремените жени. Доколку сакаат навистина да го заштитат своето здравје и здравјето на своите деца тогаш најлогичното објаснување е дека треба да бидат вакцинирани,“ изјави д-р Мехмедовиќ.

Скрининг во училиштата- околу 5000 родители дале согласност за тестирање

Тој одговоравајќи на новинарски прашања посочи дека од 800 тестирани деца во училиштата, само осум биле позитивни на коронавирусот. Мехмедовиќ додаде дека скринингот во училиштата сè уште не е целосно завршен.

Мехмедовиќ нагласи дека оваа недела има тренд на намалување на заразени во сите старосни групи, меѓу кои и во онаа на деца од шест до 14 години, во која минатата недела имаше зголемување на трансмисијата.