Владата донесе одлука со кога ги ограничи трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава. Највисоката трговска маржа ќе може да изнесува до 5 отсто од продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало.
Бектеши - Предложено е продолжување на мерката за замрзнати цени на основните производи
Овие ограничувања се однесуваат на лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, сончогледово масло, млекото, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.
„Оваа одлука има за цел да се ограничат трговците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителите. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи одлуката за замрзнати цени на основните прехранбени производи,“ изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.
Ако има потреба ќе се прошири листата на производи со „замрзнати“ цени
Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука, како што најави Бектеши, ќе следуваат казни. Казните ќе се движат од 800 до 1.000 евра за трговец поединец, потоа од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра за големите супер маркети.
Тој најави и дека во наредниот период,Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците и ги повика граѓаните кои ќе утврдат зголемување на цените на основните прехранбени производи да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на ДПИ.
Владата на 4 декември минатата година донесе одлука да се замрзнат цените на основните прехранбени производи до 31 јануари 2022 година.