ОН соопштија дека преселуваат дел од ненужниот персонал и нивните членови на семејствата во Украина, поради раст на загриженоста од целосна руска инвазија во земјата.
Портпаролката на ОН Александра Велучи денеска во Женева изјави дека продолжуваат со активностите во Украина.
Сепак, рече таа, „како резултат на развивањето на ситуацијата на теренот дозволивме привремено преместување на дел од несуштинскиот персонал“ и нивните семејства.
Таа не даде детали за преселбите.
ОН и западните земји го осудија потегот на Русија да ги признае сепаратистичките региони во источна Украина и да испрати свои војници таму.
Велучи рече дека ОН имаат 1510 луѓе во Украина, од кои 149 се меѓународен персонал. Околу 100 луѓе се базирани во источните сепаратистички региони.