Русија ги повикува останатите земји да ја признаат независноста на Доњецк и Луганск

Проруски активисти слават на улиците на Доњецк откако рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на сепаратистичките региони во источна Украина

Руското Министерство за надворешни работи денеска ги повика останатите држави да го следат примерот на Русија и да ја признаат независноста на сепаратистичките региони во источна Украина.

„Признавањето на народните републики Доњецк и Луганск е неопходна и единствена можна одлука“ во сегашните услови, се наведува во соопштението на руското министерство.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја призна независноста на проруските сепаратистички територии во источна Украина и потпиша „договори за пријателство и взаемна помош“ со нив.

Тоа предизвика жестоки меѓународни осуди и закани со западни санкции против Русија.